АЛС

Установата Медицински симулациски центар-Скопје , организираше и спроведе обука на модулот Напредно животно  одржување-“Advanced Life Support” на специјализанти од Медицинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Поканети беа и специјализантите од Медицинскиот факултет при Универзитетот Гоце Делеев од Штип и Државниот Универзитет во Тетово. Обуката беше спроведена од 14ти Декември до 24ти Декемеври 2015 година во просториите на МСЦ. Од вкупниот број на потенцијални слушатели чиј број беше околу 230 лица, модулот -“Advanced Life Support” беше спроведен на 221 лица специјализанти. Со тоа процентот на успешност е над 98 проценти со што ги задоволи сите параметри за успешно завршен проект.

На обуките беа присутни специјализанти од следниве области: Детска хирургија, Абдоминална хирургија, Неврохирургијa, Општа хирургија, Градна хирургија, Трауматологија, Уролошка хирургија, Пластична и реконструктивна хирургија, Анестезиологија со интензивна медицина, Гинекологија и акушерство, Ортопедија, ОРЛ, Офталмологија, Дерматовенерологија, Интерна медицина, Гастроентерохепатологија, Ендокринологија, Кардиологија, Нефрологија, Пулмологија и алергологија, Ревматологија, Хематологија, Неврологија, Педијатрија, Психијатрија, Детска и адолесцентна психијатрија, Радиологија, Онкологија и радиотерапија, Физикална и рехабилитациона медицина.

Во периодот од 23ти Март до 08ми Април 2016 година во просториите на МСЦ  се спроведе обука на модулот Напредно животно одржување-Advanced Life Support за вработените во службите на Итната медицинска помош на целата територија на државата.Целта на обуката беше слушателите да се здобијат или обноват напредните познавања од областа на давањето прва помош преку теоретски и практични предавања за модулот Напредно животно одржување-Advanced Life Support. Обуката беше спроведена од страна на искусни и сертифицирани едукатори кои поседуваат соодветни потврди и сертификати како од земјава така и од странство.На обуките беа наменети  за медицински тимови кои ќе ги сочинуваат доктори и медицински сестри. 

 

 
 
 

За Нас

Медицинскиот симулациски центар е основан како установа помеѓу Министерството за здравство, медицинските факултети и лекарската комора на Македонија.

Прочитај повеќе.

Контакт информации

 

Адреса: 50-та Дивизија бр. 6 Скопје

Телефон: 02/3112-276

Email: msc@zdravstvo.gov.mk

Website: www.msc.gov.mk