За нас

Медицинскиот симулациски центар е основан како установа помеѓу Министерството за здравство, медицинските факултети и лекарската комора на Македонија.

Медицинскиот симулациски центар е преместен во комплетно нов и целосно опремен простор каде се нуди едукација на студентите по медицина и специјализанти, но и на здравствените работници кои можат да искористат за усовршување на нови техники. Симулацијата како пристап во учењето е одамна правило во развиените и високо рангирани универзитети. Станува збор за напредна техника на обучување која овозможува нашите доктори да бидат сериозно подготвени за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

Во симулацискиот центар се извршуваат обуки на вработените на Итната медицинска помош, вработените во ургентните центри, во одделенијата за интензивна нега, на гинекологија, на неонатологија, како и на студентите кои студираат медицина и специјализантите на медицинските факултети. Сите што учествуваат во здравствениот систем, особено во областа на ургентната медицина, односно живото загрижувачки состојби кај пациентите.

Подетални информации може да се погледнат во Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина.

 

 
 
 

За Нас

Медицинскиот симулациски центар е основан како установа помеѓу Министерството за здравство, медицинските факултети и лекарската комора на Македонија.

Прочитај повеќе.

Контакт информации

 

Адреса: 50-та Дивизија бр. 6 Скопје

Телефон: 02/3112-276

Email: msc@zdravstvo.gov.mk

Website: www.msc.gov.mk