05 Дек ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2025 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Установата Медицински симулациски центар
Врз основа на член 30 став 1, член 40 ,41 и 42 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.144/2025), Установата Медицински симулациски центар објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2025 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Установата Медицински симулациски центар
Установата Медицински симулациски центар објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следново работно место:
1. УПР 01 01 Б01 000 Раководител на сектор за општи и заеднички работи во Сектор за за општи и заеднички работи – 1 (еден) извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови:
Степен и вид на образование: со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, факултет од областа на општествени науки
Работно искуство во струката: најмалку 5 години работно искуство
Други професионални квалификации, способности и вештини и посебни лични квалитети:
• познавање странски јазик,
• работа со компјутери,
• комуникациски, аналитички способности, способности за организирање и координација на активности, лојалност, доверливост, способност за тимска работа, способност за работа под притисок.
Распоред на работно време:
– Работни денови – од понеделник до петок
– Работни часови неделно – 40 часа
– Работно време од 07:30 до 15:30
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Установата Медицински симулациски центар, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветно ниво со Законот за административни службеници и со Правилникот за систематизација на работните места во Установата Медицински симулациски центар.
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Установата Медицински симулациски центар.
Потребно е кандидатот да поднесе пријава на службената електронска адреса на Установата Медицински симулациски центар msc@zdravstvo.gov.mk
Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма да се достават во архивата на Установата Медицински симулациски центар.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.