ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАСТВЕНА ЗАШТИТА

 Со Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија”, бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16) се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на здравствена дејност во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.

Со Законот е уредено, покрај другото, вршењето на здравствена дејност од страна на други правни лица. Со членот 96 е предвидено дека установите кои вршат научноистражувачка и образовна дејност во областа на медицината, стоматологијата и фармацијата можат да вршат здравствена дејност ако ги исполнуваат условите за вршење на одредена здравствена дејност. Установите од областа на социјалната заштита, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови можат да спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив. Државните основни училишта за ученици со посебни образовни потреби можат да спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за нивните ученици.. Државните органи, правосудните органи, како и трговските друштва кои имаат повеќе од 100 вработени, задолжително организираат здравствен пункт како внатрешна организациона единица. Хотелите со капацитет над 100 легла задолжително организираат здравствен пункт како внатрешна организациона единица. Единиците на локалната самоуправа задолжително организираат здравствени пунктови со обезбеден дефибрилатор и најмалку пет обучени лица за ракување со дефибрилатор, најмалку на една локација на подрачјето на единицата на локалната самоуправа.

Со ова дополнувања на законот се предлага воведување на обврска за правните лица кои имаат здравтвени пунктови и лицата кои што ќе ракуваат со дефибирлаторите да поминат обука по програма за основно одржување на живот со користење на автоматски надворешен дефибрилатор за укажување на медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба.

Овие обуки ќе ги спроведува Медицински симулациски центар како единствена институција која што располага со потребниот простор, кадар и опрема за организирање и спроведувањље на овие обуки.

ПРИЛОГ: закон за здравствена заштита