Emergency Medical Aid Services

Согласно Правилникот за работа на Службите за итна медицинска помош, целиот персонал вработен во овие служби при здравствените домови во Република Македонија треба да успешно да ги завршат модулите за основно одржување во живот, напредно одржување во живот, одржување во живот при траума, работа со санитетско возило.

 

За секоја успешно завршена обука, МСЦ издава потврди-сертификати за кои е препорачано да се чуваат во досиеата на вработените при правните служби на здравствените установи со цел евиденција при контрола на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Важноста на овие потврди-сертификати изнесува 3 години и истите се обновуваат. Сите потврди кои ги издава МСЦ за сите обуки, модули и работилници се акредитирани од страна на Лекарската комора на Македонија и носат одреден број на бодови кои медицинскиот персонал и докторите можат да ги користат за продолжување на нивните лиценци за работа.

Во склоп на МСЦ, за користење при овие обуки освен комплетаната медицинска опрема која е на располагање во центарот, истиот поседува и амбулантно-санитетско возило кое се користи при симулациите и сценаријата кои едукаторите на МСЦ ги креираат и ги спроведуваат за време на обуките и практичните вежби.

Во прилог се претставени и еден мал дел на презентации кои Службите на ИМП, практично ги имплеменираат во сите подрачни единици-пунктови на МСЦ низ Република Македонија.

This site is registered on wpml.org as a development site.