About us

Медицинскиот симулациски центар е основан како установа помеѓу Министерството за здравство, Медицински факултет Скопје при Универзитет св. Кирил и Методиј, Медицински факултет Штип при Универзитет Гоце Делчев, Државен универзитет Тетово и лекарската комора на Македонија.

Медицинскиот симулациски центар е преместен во комплетно нов и целосно опремен простор каде се нуди едукација на студентите по медицина и специјализанти, но и на здравствените работници кои можат да искористат за усовршување на нови техники. Симулацијата како пристап во учењето е одамна правило во развиените и високо рангирани универзитети. Станува збор за напредна техника на обучување која овозможува нашите доктори да бидат сериозно подготвени за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

Во симулацискиот центар се извршуваат обуки на вработените на Итната медицинска помош, вработените во ургентните центри, во одделенијата за интензивна нега, на гинекологија, на неонатологија, како и на студентите кои студираат медицина и специјализантите на медицинските факултети. Сите што учествуваат во здравствениот систем, особено во областа на ургентната медицина, односно живото загрижувачки состојби кај пациентите.

Во Медицинскиот симулациски центар се спроведуваат обуки за стекнување практични вештини. Обуките се спроведуваат во работен ден и во работно време на МСЦ. По завршување на секоја спроведена обука се врши проверка и оценка на стекнатите практични вештини преку полагање на испит, а за секој успешно положен испит се издава потврда за положен испит за стекнати практични вештини.

ОБУКИ

Подетални информации може да се погледнат во Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина:

Правилник за видот, обемот и начинот на стекнување на практични вештини:

ОСНОВАЧИ

This site is registered on wpml.org as a development site.