Овој дел од работата на МСЦ е пред се наменет за специјализантите и супспецијализантите запишани на Медицинските факултети во Скопје, Штип и Тетово, кои согласно позитивно правните прописи од 2015 година па наваму, претставува дел од законски задолжителните обуки и интегрален дел од правилникот за специјализација за исполнување на еден од условите за упис (пред извлекување на комисија составена од членови на Наставно-научните одбори при медицинските факултети) и право на пријавување и полагање на специјалистички испит.
Медицинска опрема која се користи во овој кабинет е робот HALL GAUMARD детски фантом симулатор со WIFI конекција и можност за поврзување со повеќе компјутери, лаптопови, таблети и други смарт уреди кои користат Windows платформа за работа.
Клучни практични вештини и способности во кабинетот за Педијатрија со кои треба да се стекнат специјализантите и супсепцијализантите во Медицинскиот симулациски центар: