Адултна медицина

Програма воспoставена од страна на Советот за ресусцитација на Обединетото Кралство во 1993 година (UNITED KINGDOM RESUSCITATION COUNCIL). Претставува стандардизиран курс за препораки за ресусцитација базирани на докази (Evidence-based medicine) наменет за медицински професионалци.
Иницијално претставувал национална програма на Обединетото Кралство, но денес е поддржана од страна на Европскиот совет за ресусцитација (European Resuscitation Council – ERC) и Австралискиот совет за ресусцитација (Australian Resuscitation Council – ARC). Годишно, се одржуваат околу 1000 вакви курсеви на кои се обучуваат околу 20.000 професионалци ширум светот, а во МСЦ досега се изведенеи повеќе од 20 курсеви-модули од овој вид. 

Целите на кабиентот за адултна медицина се:

1.Етаблирање на препораки за ресусцитациони процедури
2.Етаблирање на стандарди за ресусцитација
3.Учење на техниките за ресусцитација
4.Поттикнување на научните истражувања во врска со ресусцитацијата и проверки на знаење-испити во областа на клиничката медицина
5.Поттикнување на добрите работни односи меѓу членовите на тимот кој спроведува ресусцитација

Медицинска опрема која се користи во овој кабинет е робот HALL GAUMARD адултен фантом симулатор со WIFI конекција и можност за поврзување со повеќе компјутери, лаптопови, таблети и други смарт уреди кои користат Windows платформа за работа.