Гинекологија и акушерство

Во склоп на Медицинскиот симулациски центар – Скопје, предвиден е дел за едукација и тренинг од областа на лапароскопската хирургија, а тоа се: посебни модули за basic (основни) манипулации во лапароскопијата и посебни специјализирани модуливо делот на гинеколошката лапароскопска хирургија. Во моменот се користи LAP Mentor, Computerized Laparoscopy Simulator и робот GAUMARD фантом родилка со фетус. 

Вештини кои треба да ги совладаат студентите по медицина, специјализантите и друг медицински персонал:

 

Целосно совладани вештини за самостојно да можат да ги изведат модулите од делот на basic лапароскопијата (користење на лапароскопската опрема, ориентација во просторот за работа, координација на покрети со лева и десна рака, користење на коагулација, користење на фаќалка, ножица и др.) За тоа е потребно време од најмалку 5 вежби во траење од 2 часа и не повеќе од 5 студенти во група.

Запознавање со основните хируршки лапароскопски техники во гинекологијата (атхезиолиза, салпингектомија, аднексектомија, цистектомија, контрола на хемостаза)Целосно совладани т.е самостојно да можат да ги изведат модулите од делот на напреднати хируршки лапароскопски техники во гинекологијата (миомектомија, хистеректомија (тотална и субтотална и сл.)