Во периодот од oктомври 2015 година до денес, МСЦ спроведе четири обуки на лицата вработени во здравствените домови, односно на Службите за итна медицинска помош, доктори-специјализанти од Медицинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил становата МСЦ, првично организираше и спроведе обука на модулот Основно животно одржување – “Basic Life Support”.
Обуката беше спроведена во период од 16ти Ноември 2015 година до 11ти Декември 2015 година во просториите на МСЦ, и дисперзираните единици на МСЦ застапени во шест пункта и тоа:
Таргет група на обуката беа вработените во службите на Итната медицинска помош на целата територија на државата.
Целта на обуката беше слушателите да се здобијат или обноват со основите познавања од областа на итната медицинска помош преку теоретски и практични предавања за модулот Основно животно одржување – “Basic Life Support“.
Обуката беше спроведена од страна на искусни и сертифицирани едукатори. Од вкупниот број на потенцијални слушатели чиј број беше 1078 лица, модулот “Basic Life Support” беше спроведен на 1034 лица вработени во службите за Итната медицинска помош. Со тоа процентот на успешност е над 96 проценти со што ги задоволи сите параметри за успешно завршен проект.
Подетални информации може да се видат во следната презентација: