Срцев застој (cardiac arrest, infarctus myocardii) претставува неправилна работа на срцето, која може да се карактеризира со безпулсност или вентрикуларна фибрилација. Се карактеризира со појава на агонално(тешко дишење) или целосен престан на дишењето и губење свест. При срцев застој кој трае подолго од 5-10 минути може да се јават хипоксични оштетувања на мозокот и истовремено драстично намалени шанси за повторна реактивација на срцето.