Обуката беше спроведена во период од 16ти Ноември 2015 година до 11ти Декември 2015 година во просториите на МСЦ, и дисперзираните единици на МСЦ застапени во шест пункта и тоа: Велес, Струмица, Штип, Прилеп, Охрид и Тетово. Таргет група на обуката беа вработените во службите на Итната медицинска помош на целата територија на државата.